Новиот Samsung A30s помоќен и со понапредни клучни спецификации

 Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот модел на телефони Galaxy A30sсо современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им сѐ што им е потребно за инстант секојдневност.

„Станува сèпотешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво,Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво.“

Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова[1] и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина.

Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење,како исо Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“.

Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focusрежимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detectorи Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија.

Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците.

Корисниците на Galaxy A30sсмартфоните ќе се вмрежани со Galaxyекосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay[2]и Knox.

За повеќе информации за Galaxy Aсеријата на смартфони посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com/galaxy-a-2019илиwww.samsung.com/galaxy.

Спецификации на производот[3]Samsung Galaxy A30s

 

  Galaxy A30s
Екран Големина/резолуција 6,4инчи HD+ (720×1560)

Super AMOLED4

Infinity Display Infinity-V екран
Камера Задна 25MP (F1.7) + 5MP + 8MP

(Ultra Wide)

Предна 16MP (F2.0)
Процесор Dual 1,8GHz + Hexa 1,6Hz
Меморија RAM 4GB2
Интерна меморија 64GB2
Micro SD До 512GB
Батерија Капацитет 4,000 mAh
Полнење 15W Брзо полнење
Димензии 158.5 x 74.7 x 7.8mm
Тежина 166g
Боја Prism Crushцрна, Prism Crushбела, Prism Crushзелена i Prism Crushвиолетова2
Останато Читач на отпечатоци на прсти кој е вграден во екранот,

USB C-type

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата, и LED технологијата. За дополнителни информации ивести ве замолуваме да ја посетитеhttp://news.samsung.com.

[1]Достапноста на боите може да варира во зависност од државата.

[2]Достапноста може да варира во зависност од државата.

[3]Сите функционалности, одлики, спецификации и останатите информации за производот достапни во овој документ, вклучувајќи ги придобивките, дизајнот, цената, компонентите, перформансите, достапноста и можностите се подложни на промена без претходна најава.

Треба да знаете
Последни објави