Адеми неизвесен со Израел, ќе се опорави до Летонија

Капитенот на хрватскиот повеќекратен фудбалски првак Динамо Загреб, Аријан Адеми на репрезентативниот собир пристигна со повреда здобиена на дуелот со Хајдук во Сплит. Играчот од средниот ред кој е во одлична форма е неизвесен за настапите на макеоднската репрезентација во квалифиакциите за ЕП-2020 на гостински терен со Израел и Летонија, закажани за 5 и 9 септември.

-Адеме е со нас. Според хаодот на лекарскиот тим има хематом. Луѓето задолжени за здравствениот билтен во репрезентацијата вложуваат максимум напори да го оспособат за првиот меч со Израел. Големи се шансите да го имаме во тимот против Летонија – вели Игро Ангеловски, македонскиот селектор.

Покрај Адеми од репрезентативците кои почнаа да пристигнуваат во Скопје ситна повреда пријави и Кире Марковски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави