Италијанската полиција заплени денес германски брод за спасување мигранти, кој повеќе од една недела е заглавен на море со повеќе од 100 мигранти, соопшти портпаролот на полицијата.
Капетанот на бродот „Елеонор“ претходно го насочи бродот да плови кон пристаништето Покало на Сицилија, пренесува „Ројтерс“.
Министерот за внатрешни работи Матео Салвини, лидерот на Лигата, минатата недела потпиша наредба со која се забранува влегување на бродот Елеонор во италијанските води.
„Бродот е запленет и мигрантите ќе бидат истоварени наскоро“, рече полицискиот портпарол.
Бродот плови под знамето на германската добротворна организација „Мишн Лајфлајн“