(Видео) Огнена топка jа претвори ноќта во ден над Северна Канада

Домашните и автомобислките камери низ канадскиот град Едмонтон снимија неверојатно блескава огнена топка која експлодирала над градот, претворајќи ја ноќта во ден, и ги воодушеви жителите, пренесува РТ.

Огнениот објект, кој се чини дека е метеор, прелетал на ноќното небо околу четири секунди во 22:30 часот по локално време, вчудовидувајќи многу жители кои се обидувале да се приспособат на екстремно блескавата светлина.

„Додека го правев тоа, слушнав “бум“, и, всушност, мислев дека некој прави огномет“, вели очевидецот Вес Гласфорд.

Гласфорд гледал во небото чекајќи ја поларната светлина, и на среќа, снимил спектакуларна фотографија од неочекуваниот „огномет“.

„Оваа огнена топка ќе се гледаше на 600 км од која било страна,“, вели Мајк Хенки, менаџер за операции во Американското метеорско друштво, кој верува дека предметот веројатно е болид, многу блескав метеор.

Метеорискиот спектар се движи од метеор, до огнена топка, болид и супер болид, што е посветол од Месечината и речиси блескав како Сонцето.

Треба да знаете
Последни објави