Адеми и Ристовски поразени на „Пољуд“, Хајдук го доби вечното дерби

Екипата на Хајдук од Сплит направи голем подвиг и на домашен терен славеше над главниот ривал Динамо Загреб (1-0), па така остана во игра за шампионскиот трон до крајот на сезоната во ХНЛ-лигата.

Сплитските „били“ долги години беа во сенката на Динамо, но оваа по долго време се меѓу најдобрите. Во феноменална атмосфера на славниот „Пољуд“ падна најтрофејниот хрватски клуб во чии редови играат двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Човек на одлука беше искусниот Никола Калиниќ кој победничкиот гол го даде во 63. минута и предизвика ерупција од радост на трибините во градот во кој сите живеат за Хајдук Сплит. Напаѓачот го матира Ливаковиќ со левата нога и го остави Хајдук во битка за титулата.Ристовски набргу беше повлечен од игра, капитенот Адеми остана до крајот на теренот, но Динамо не успеа да израмни

Динамо останува лидер во ХНЛ со 66 бода, втор е Осијек со 64 бода, па следи Хајдук со 62 бода.

Треба да знаете
Последни објави