Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и освојвачите на по пет признанија „Златна топка“ Аргентинецот Лионел Меси од Барселона и Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус ќе биде тројката која остана во завршната трка за новото признание од ФИФА. Наградата ќе биде доделана на 23 септември во Милано, а дотогаш триото кое неодамна беше и во трката на УЕФА за најдобар играч, одново ќе биде во исчекувања. Признанието на УЕФА за играч на сезоната во Европа го понесе Ван Дајк.
Во конкуренција за најдобар тренер се стратезите на Ливерпул Јирген Коп, на Манчестер сити Пеп Гвардиола и на Тотенхем Маурицио Покетино.
Меси, Хуан Кинтеро и Даниел Жори се кандидати за наградата „Пушкаш“ што се доделува за најубавиот постигнат погодок во сезоната.