Сестрата на Роналдо му се заблагодари на Ливерпул за искажаната поддршка

Португалскиот фудбалски интернационалец Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот кој е на залезот од својата кариера не беше во составот на Манчестер jунајтед на дербито од 30. коло во англиската премиерлигашка конкуренција против Ливерпул, каде неговиот тим доживеа дебакл на „Енфилд“ (4:0). Причина за отсуството од тимот на „црвените ѓаволи“  беше смртта на неговиот штотуку роден син во понеделникот. Сопругата на Португалецот, Георгина Родригез се поради со близнаци, машко и женско, но преживеа само женското бебе.

За време на натпреварот на „Енфилд“ навивачите на Ливерпул покажаа голема почит кон Роналдо во овие тешки моменти за него и неговото семејство. Во седмата минута од натпреварот тие станаа громогласно аплаудираа, и ја запеаа химната на Ливерпул, познатата „You’ll never walk alone“. Со ваквиот гест сакаа да му порачаат на Роналдо дека се со него и неговото семејство во овие моменти. Денес стигна и благодарност од семејството на Португалецот и тоа од сестрата на Роналдо, Елма Авеиро.

-Му благодариме на Ливерпул. Нема никогаш да зборавиме што направивте, напиша сестрата на Роналдо на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави