Фудбалската легенда, Бразилецот, Едсон Арантес до Насименто – Пеле повторно е сместен во болница поради ракот на дебелото црево кое му беше дијагностицирано во септември минатата година. Од болницата во која е сместен Пеле, велат дека неговата состојба е добра и наскоро ќе биде пуштен дома.
Пеле (81 г.) во последно време често има проблеми со здравјето. Во февруари беше хоспитализиран поради уринарна инфекција.