Васало: Овие две години Собранието направи многу во насока на отчетност, транспарентност и функционалност

Собранието, и покрај збиената агенда, овие две години направи многу во насока на отчетноста, транспарентност и функционалност, за што е потврда и Извештајот за напредокот на земјата. Сосема е заслужено да се очекува одлуката на Советот во октомври да биде позитивна, заклучи заменик-шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Јулиан Васало, на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Имено, средбата воедно означува и завршување на двогодишниот проект финансиран од Европската Унија „Поддршка на Собранието во имплементација на реформите”.

Васало, се согласи со Џафери, дека дека Собранието има одлична основа за постигнување на поставените цели, односно финансиска независност, независна служба и обезбедување.

Џафери му посака добредојде и успешна работа на новиот заменик-шеф на Делегацијата и даде краток вовед за минатиот период на соработка со Делегацијата на ЕУ, истакнувајќи при тоа задоволство и благодарност за придонесот во постигнувањето на резултатите и реформите во Собранието.

Од одделението за односи со јавност на Собранието, соопштија дека пратседателот на Собранието на средбата го споменал и Стратешкиот план, документ којшто е основата врз која се планира понатамошното подобрување на функционалноста на Собранието.

Во рамки на проектот беше изготвен Етичкиот кодекс и амандманите на Деловникот во рамки на тековниот Жан Моне Дијалог поддржан од Европскиот парламент, беа беа овозможени обуки за собраниската служба, за советниците на собраниските тела и на пратеничките групи и беа изготвени документи и препораки за зајакнување на финансиската и административната независност на Собранието, за координацијата помеѓу Собранието и Владата, и за надзорната функција на Собранието.

Треба да знаете
Последни објави