„Македонија три години тоне. Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме:
- Понижени просветни работници.
- Земјоделци кои немаат ни за леб.
- Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат на рака на работодавачите.
- Лекари кои земаат плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.
- Бизниси кои се рекетирани.
- Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.
- Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.
- Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.
- Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.
- Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.
Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.
На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.“, велаат од ВМРО-ДПМНЕ.