Гром удрил во авионот на Дачиќ
Гром удрил во авионот со кој шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, летал за Словенија. Според српските медиуми, молњата удрила додека авионот бил над Љубљана.
Ударот на гром предизвикал паника, но за среќа инцидентот поминал без последици, а пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија. Дачиќ го продолжил патот кон Блед каде ќе учествува на Стратешкиот форум.
„Се слушна мала експлозија, се виде одблесок. Но, никој не ни може ништо“, изјавил Дачиќ за „Курир“.
Силно невреме синоќа ги погоди Словенија и Хрватска, каде за само два часа биле забележани повеќе од 20.000 молњи.