На 02.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: тројца возачи поради управување возила под дејство на алкохол, 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник кој не се придржувал на законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 17 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 52 мандатни платни налози, а 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.