Надал го загуби првиот сет на УС-Опен

Шпанецот Рафаел Надал го загуби првиот сет на годинашното издание од последниот тениски гренд-слем турнир УС Опен, но се пласираше во четвртфиналето, каде се познати комплетните двојки. Надал го совлада Марин Чилиќ со 3-1 (6-3, 3-6, 6-1 и 6-2) и за противник ќе го има Аргентинецот Диего Шварцман.

Во четвртфиналето се најде и Гаел Монфилс, кој со 6-1, 6-2 и 6-3 го победи Пабло Андухар и таму ќе игра со Италијанецот Матео Беретини, откако славеше победа во три сета против Андреј Рублев.

Останатите две двојки ги сочинуваат: Федерер – Димитров и Вавринка – Медведев.

На женскиот дел од турнирот, првата носителка Наоми Осака вчера загуби од Белинда Бенчиќ со 7-5 и 6-4. Со овој пораз Јапонката ќе го загуби првото место на ВТА ранг-листата, а на врвот ќе се врати Ешли Барти. Бенчиќ, која е 13-та носителка во четвртфиналето ќе се сретне со Дона Векиќ.

Елис Мертенс со 2-0, по сетови 6-1 и 6-1 ја совлада Кристи Ан и помеѓу најдобрите осум ќе ги одмери силите со Бјанка Ванеса Андреску, која пак беше подобра од Тејлор Таунзенд во три сета.

 

Треба да знаете
Последни објави