Баерн сака да го задржи Левандовски под исти услови

Полскиот фудбалски интеранционалец од редовите на бундеслигашот Баерн Минхен, Роберт Левандовски има понудата од германскиот шампион за продолжување на соработката, под исти финасиски услови.

Според „Кикер“ Баерн е подготвен да потпише нов договор со гол-мајсторот за годишна плата од 24 милиони евра, колку што во моментов заработува. Доколку Левандовски не ја прифати понудата, Баерн за да се согласи на предвремен раскин на договорот кој му завршува идната година, ќе бара 40 милиони евра.

Интерес за Левандовски покажаа ПСЖ, Манчестер сити и Барселона.

Треба да знаете
Последни објави