(Видео) „Енфилд“ со громогласен аплауз му прати силна поддршка на Роналдо по повод смртта на неговиот новороден син

Навивачите на англискиот фудбалслки гигант Ливерпул со громогласен аплауз и стихови од нивната клупска химна „никогаш нема да одиш сам“ во седмата минута од дерби натпреаврот на „Енфилд“ против Манчестер јунајтед што на крајот го добија со 4:0, му дадоа поддршка на португалскиот ас Кристијано Роналдо и неговото семејство поради загубата на новородениот син.

Португалецот го прескокна дербито на „Енфилд“, бидејќи вчера почина неговиот штотуку роден син. Моментално е со својата девојка Георгина Родригез и со семејството во овие тешки моменти.

Навивачите на Ливерпул покажаа дека хуманоста е пред ривалството и поради тоа во седмата минута (бројот кој го носи на својот грб Ронадо) му испратија силна поддршка во овие тешки моменти за Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави