Средба АВМУ – АКОС: Разменети искуства за говорот на омраза и негово санкционирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија (АКОС) одржаа билатерална средба на која се разговарало за надлежностите на регулаторите и нивното постапување во насока на спречување недозволена медиумска концентрација.

-Беа разменати искуства и за законските одредби за говорот на омраза, начинот на констатирање на овие појави, нивното санкционирање, како и за медиумската писменост и активностите што се преземаат во насока на нејзиното промовирање и за законската регулатива за задолжително пренесување на програмски сервиси (must carry), информираат од АВМУ.

АВМУ и АКОС оценуваат дека нивната меѓусебната соработка е на високо ниво и оти со ваквата добра практика треба да се продолжи и во иднина.

Билатералната средба се совпаѓа со 22-годишнината од постоењето на Агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави