Во тек е акција за спасување на 80 мигранти и бегалци кои се наоѓаат во гумен чамец во Егејското Море, северно од островот Самос, јавија грчките медиуми. На море се поморски патролни бродови на грчката крајбрежна стража, обичен патролен брод, а во операцијата учествува и хеликоптер на Фронтекс.
Како што се наведува, еден од патниците во чамецот телефонски повикал помош на европскиот број за итни случаи 112 и ги известил дека се во неволја.
Во меѓувреме, крајбрежната стража соопшти дека во последните 24 часа се спасени 92 мигранти во три одвоени акции во водите кај Лезбос и Самос.



