Барти повторно ќе биде прв светски рекет

Австралиската тенисерка Ешли Барти ќе се искачи на првото место на ВТА ранг листата каде во моментот се наоѓа Наоми Осака. Јапонката ќе ја препушти лидерската позиција по вчерашниот пораз на УС опен во 4. коло од Белинда Бенчиќ.

Осака на следното рангирање ќе падне на втората позиција.

Барти која исто така е елиминирана во 4. коло на гренд слемот во Њујорк, беше водечка кај тенисерките од 24 јуни до 11 август  во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави