Една од најпознатите плус сајз модели, Ешли Греам (31), набргу првпат ќе стане мајка и на својот инстаграм-профил се пофали со своето трудничко стомаче.
Таа позира во костим за капење додека се сончаше во Њујорк, а нејзините обожаватели коментираа дека бременоста одлично ѝ прилега.
https://www.instagram.com/p/B11zRXagGoN/
Сепак, имаше и такви што рекоа дека фотографијата не е соодветна за објавување.
„Ти и твојот сопруг треба да се срамите. Не смееш да ја покажуваш својата бременост секаде. Тоа не е ниту убаво ниту секси“, додаде уште еден обожавател.
Среќната вест Ешли ја сподели кон средината на август на деветтата годишнина од бракот со сопругот Џастин Ервин (30).