Томислав Кежаровски нема да оди на суд поради случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое се гонеше. Станува збор за случај во кој новинарот го откри идентитет на заштитен сведок. На денешното судско рочиште, обвинителката Марија Ѓорѓева го прецизираше обвинителниот акт, при што соопшти дека поголемиот дел од кривичната дела за кои се гонеа обвинетите се застарени.
Освен Кежаровски, судењето запира и за поранешниот истражен судија Валентина Зафиров и тоа за две кривични дела, за адвокатот Сашко Лазаров и за Јане Павловски Тица.
Случајот „Ликвидација” се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, во кој вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.
Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, а новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008 година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92″ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во овој судски предмет.