Жозе Мурињо, по нерешениот резултат во Неапол, со кој Наполи го исфрли од борбата за титулата, смета дека судиите не им дозволиле да победат.
Рома, на „Диего Армандо Марадона“ стадионот освои бод во 91.минута, кога Ел Шарави го совлада Мерет.
„Го прославив нерешниот резултат бидејќи имав впечаток дека е невозможно да го завршиме натпреварот со позитивен резултат. Не поради тоа што мојот тим играше лошо, туку чувствува дека ќе биде тешко, речиси невозможно. На моменти се срамев од она што го гледам, од она што го правеа Ди Бело и Ди Паоло“, рекол Португалецот.
„Сакате пример? Може два, три или повеќе? Црвен картон за Заноли. Во секоја лига во светот, тој во првото полувреме ќе го добиеше вториот жолт картон. Не судеа пенал врз Заниоло. Во ред голманот прв дојде до топката, но потоа го фаулираше Заниоло во ситуација кога тој се уште можеше да ја освои топката. Има и други работи, доволно е тука ќе застанам“.