Неуспешниот трансфер на sвездата на ПСЖ, Нејмар беше меѓу водечките вести ова лето. Бразилецот до неодамна се надеваше дека ќе се врати во Барселона, откако пред две години замина за 222 милиони евра, но од неговиот сегашен клуб ставија цена од неверојатни 300 милиони евра.
Барса се надеваше дека ќе го земе за околу 170 милиони, што би можело да биде можно следното лето.
Нејмар нема клаузула во неговиот договор, но ќе направи три години во ПСЖ без обновување на неговиот договор, а во тој случај се активира регулатива на ФИФА, според која Светската фудбалска централа ќе ја одреди неговата цена.
Таа ќе зависи од тоа што беше платено за него во почетокот, годините на амортизација и голем број други варијабли, што сигурно ќе ја направи цената пониска од не само 300-те милиони што сега ги бараа парижаните, туку и од 222 платени на Барса пред три години.