Tетовската полиција во попладневните часови на 2 септември спроведе акција на улицата „102“ во овој град при што бил уапсен 29-годишен дилер на дрога веќе осуден на затворска казна.
Како што информираат од МВР, 29-годишникот бил осуден на затвор од 2 години за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.
Тетовецот бил спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.