Маж во Босна нарачал убиство на својот брат за 100.000 евра

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси маж кој е обвинет за нарачано убиство за својот брат за 100.000 евра.

Полицијата соопшти дека Р.Д. (1964) ангажирал едно лице од подрачјето на Херцеговско-неретванскиот кантон за 100.000 евра да го ликвидира неговиот брат Б.Д. и да му нанесе телесни повреди на својот внук на начин да остане инвалид.

Полицијата при претрес на објект на уапсениот Р.Д. нашла десет мобилни телефони, компјутерска опрема, оружје, муниција и други предмети користени за подготовка на убиството.

Треба да знаете
Последни објави