На денешната седница на Управниот Одбор беше најавено дека кон крајот на годината ќе биде организаран проштален натпревар за Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов и Кире Лазаров.
Има опција тоа да биде квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 година против Луксембург, на кој пред полна сала, македонските легенди би можеле уште еднаш да се збогуваат со публиката.
Покрај оваа опција, има уште една – да биде организиран посебен натпревар, но поконкретни информации ќе има во периодот што следува.
Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов ги одиграа последните натпревари за националниот тим, додека средниот бек воопшто последниот натпревар во кариерата ќе го има на 12 јуни во дресот на Вецлар. Пивотот Стоилов ја продолжува клупската кариера, додека Лазаров исто така во јуни ќе го има последниот клупски меч во кариерата во дресот на Нант.