Cветските медиуми пишуваат за 17.годишник кој јадел само помфрит, грицки и шунка, а потоа речиси целосно ослепел поради недостаток на витамини во исхраната. Станува збор за момче од Бристол кое сега има 19 години, а веќе цела деценија не јадело ни овошје ни зеленчук.
Неговата дневна исхрана се состоела од помфрит, грицки, пржени колбаси и повремено сендвичи со шунка.
Не наведувајќи го неговото име, светските медиуми пишуваат дека ова момче поради исхраната имало недостаток на клучните витамини во организмот, вклучувајќи го витаминот Б12, витаминот Д