Може да ѝ биде дедо – пејачот е лудо вљубен во неа, а таа е 48 години помлада од него

73-годишниот пејач Дон Меклин повторно е во центарот на вниманието затоа што има 48 години помлада девојка, а светските таблоиди посебно го заинтригира фактот дека само оваа година за патување потрошиле половина милион долари.

Дон ја запознал убавата Парис во 2016 година, кога таа добила работа администратор на неговите друштвени мрежи, а само неколку месеци подоцна започнале љубовна врска.

Тие денес уживаат во полна пареа, непрестано патуваат по светот, се дружат со славни и влијателни луѓе а атрактивната 25-годишна Парис времето со задоволство го поминува во шопинг.

„Имам прекрасна девојка и патува сегде со мене“, рекол Меклин минатиот месец и додал дека се започнало така што таа била негов голем фан, но дека таа сака и други уметници.

„Парис ги сака уметниците. Јас не сум нејзината најголема љубов, има уште мноу други“, истакна тој.

Исто така, оваа млада дама го следи своето момче на сите светски турнеи, а тој тврди дека нејзината помош му е од големо значење.

„Посетивме 85 градови минатата година, а ќе посетиме околу 85 оваа година Сегде одиме заедно и ми помага. Работи се што ми е потребно“, објасни легендарниот пејач.

Треба да знаете
Последни објави