Далас Маврикс изедначија на 1:1 во серијата со Јута Џез, а Филаделфија води со 2:0 против Торонто Репторс.
Далас, без Лука Дончиќ, ја победија Јута со 110:104. Улогата на Дончиќ ја презеде Џејлен Брансон. Бекот на Маверикс постигна 41 поен и стана петтиот играч во историјата на франшизата со 40+ поени на еден плејоф натпревар. Во ова друштво се Дирк Новицки, Лука Дончиќ, Ник Ван Ексел и Роландо Блекмен.
Покрај Брансон кај Далас се истакнаа Макси Клебер со 25 поени и шест скока, односно Спенсер Динвиди со 17 поени и шест асистенции.
Јута, како и на првиот натпревар ја предводеа Донован Мичел (34 поени) и Бојан Богдановиќ (25 поени).
Серијата сега се сели во Солт Лејк сити, третиот натпревар ќе се одигра во сабота од 22.30 часот по средно-европско време.
Филаделфија и во вториот натпревар убедливо го порази Торонто 112:97.
Џоел Ембид за разлика од првиот меч, играше добро, го предводеше тимот со 31 поен и 11 скока. Камерунецот доби помош од Тајрис Мекси (23 поени, девет скока, осум асистенции) и Тобајас Херис (20 поени, 10 скока).
На спротивната страна најефикасни беа о Џеј Ануоби со 26 поени и Паскал Сијакам со 20 поени и 10 скока.