Работилница за развој на едношалтерски систем во Западен Балкан

Дигитализација на царинското работење е една од основните стратешки цели на Царинската управа. Откако на 01.06.2019 година успешно беше воведен револуционерниот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, што ги обедини  дотогаш воведените дигитални системи во една интегрална целина (транзитниот систем -NCTS, интегрираната тарифна околина –  ITE-TARIM и едношалтерскиот систем за издавање на дозволи за увоз и извоз – EXIM), се јави потреба за усовршување на постоечките и воведување на нови информатички системи.

За таа цел, денес (04.09.2019 година) во Скопје, високи претставници на царинските управи на ЦЕФТА земјите, Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE), Светска Банка, Меѓународна финансиска корпорација (IFC) и Европската комисија ја започнаа втората експертска работилница за примена на концептот на Едношалтерски систем за извозно и увозно царинење и размена на податоци за земјите од Западен Балкан.

На официјалниот старт на работилницата, поздравно обраќање имаа г-дин Ѓоко Танасоски директор на Царинска управа на Република Северна Македонија, г-дин Марио Апостолов, регионален советник за економска соработка и трговија при UNECE и г-дин Зоран Мартиновски регионален раководител на Меѓународна финансиска корпорација и.

Директорот на Царинска управа во своето обраќање најави дека од септември 2019 година Царинската управа започнува со нов проект за воведување на Едношалтерски систем. Проектот финасиран со средства од Светска банка, се воведува согласно потребите на бизнис заедницата, како и продолжување на усовршување на капацитетите на Царинската управа. Имплементацијата на новиот Едношалтерски систем, ќе придонесе да се развие и имплементира комплетен Национален Single Window Систем (NSW) во кој ќе бидат задоволени потребите и барањата на Царинската управа, органите надлежни за прекуграничниот проток на стоки и бизнис заедницата.

За време на дводневната работилница учесниците ќе дискутираат за резултатите од долгорочните проекти на Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа што се фокусирани на олеснување на трговијата и Едношалтерскиот систем во регионот, како и на резултатите од Работната група на ЕУ задолжена за Едношалтерски систем.

Треба да знаете
Последни објави