Македонија ривалите во групата на машкото ракометно Светско првенство кое на почетокот од идната година ќе се одржи во Шведска и Полска ќе ги дознае по жрепка која ќе се одржи на 2 јули во Катовице.
„Црвено-жолтите“ кои ќе го играат шестото по ред, вкупно осмо СП, ќе се најде во вториот рејтинг барабан, бидејќи го презема местото на Чешка. На Светското првенство ќе има осум групи составени од по четири репрезентации. Во втората фаза одат најдобрите три селекции од секоја група и вкрстуваат со три најдобри од друга група.
Покрај Македонија во истата рејтинг група се Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска, селекции кои нема да ни бидат противници во групната фаза.
Списокот со учесниците на завршницата не е комплетиран, но познати се барабаните според рејтингот на досегашните учесници:
Барабан1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1.
Барабан 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија.
Барабан 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3.
Барабан 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2.