Порторико преку Тунис до втората фаза

Порторико го победи Тунис (67-64) во рамките 3. коло во групата Ц на Светското кошаркарско првенство во Кина и си обезбеди настап во втората фаза од натпреварувањето, каде за противници ќе ги има селекциите на Србија и Италија од Д групата. Натпреварот меѓу овие две селекции е во тек за конечен редослед во групата Д и за тоа кој колку бодови ќе пренесе во втората фаза.

Покрај овие три селекции во новата група ќе игра и Шпанија која го победи Порторико во првата фаза.

Во натпревар од 3. коло во Б групата, Нигерија убедливо ја совлада Јужна Кореја 66:108.

Треба да знаете
Последни објави