Кошаркарот на Златибор, Душан Кутлешиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир во АБА 2 лигата што изминатите пет дена се играше во Скопје.
Кутлешиќ имаше просек од 27,3 индексни поени на трите средби во плејофот.
– Секоја чест, Душан! – стои во честитката до Кутлеш од АБА 2 лигата
Вчеравечер во финалето и победата над МЗТ Скопје Аеродром, Кутлешиќ забележа дабл-дабл учинок со 33 поени и 10 скока. Индексот на Кутлешиќ во финалето беше 39.