Американка уапсена откако во куфер пробала да прошверцува бебе старо шест дена

Американка беше уапсена во Филипините во средата за обид да прошверцува бебе старо шест дена на летот до САД, соопштија властите.

Џенифер Ерин Талбот се обиде да прошверцува бебе на меѓународниот аеродром „Ниној Акино“ во Манила, тврди Марлон Толедо од Националното биро за истраги (НБИ). Во тек е истрага.

Талбот била уапсена откако се обидела да го скрие доенчето во нејзиниот рачен багаж, тврди Графтон Медина од НБИ.

Таа се обидела да се качи на летот на „Делта“ до Детроит, но не можела да обезбеди документи за новороденчето, рече тој.

„Работевме во координација со авиокомпанијата со седиште во САД, која ни помогна да ја приведеме патничката“, рече Медина.

НБИ потврди за „Ен-би-си“ дека бебето се наоѓа во Одделот за социјална помош и развој.

Повеќе детали се очекува да бидат откриени за случајот на прес-конференција во четвртокот.

Треба да знаете
Последни објави