Грахам: Изборите во 2020 во Црна Гора се голем тест, внимателно ќе ги следиме

Американскиот сенатор Линдзи Грахам изјави денеска дека изборите во 2020 година се голем тест за Црна Гора и дека светот внимателно ќе ги следи.

Според него, ако бидат добро организирани тоа ќе му сигнализира на светот дека во Црна Гора е цврсто воспоставена демократијата.

– Силите кои сакаат да го поткопаат напредокот на Црна Гора, исто така, се сили кои работат против нас и важно е да ги победиме овде. Не само заради иднината на Црна Гора, туку и за целиот регион, рече Грахам по средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, Иван Брајовиќ.

Треба да знаете
Последни објави