Легендарната шпанска скијачка Очоа пронајдена мртва

Безживотното тело на Бланка Фернандес Очоа, бронзен медалист во слалом на Зимските олимписки игри 1992 година во Албертвил, беше пронајдено денеска на планината северно од Мадрид, соопшти полицијата. Причината за смртта на 56-годишна шпанска скијачка не е позната.

Од 24 август, кога нејзиното семејство го пријави исчезнувањето, траеше потрага низ шумската област Церцедила, на површина од околу 1.900 метри квадратни. Во потрагата биле вклучени кучиња трагачи, беспилотни летала и бројни полицајци и волонтери.

Непосредно по исќезнувањето нејзиниот автомобил со лични работи е пронајден во близна на шумите, но немало знаци на насилство. Сестрата на скијачката изјави дека Бланка знаела да остане сама во планинските области и дека најверојатно ѝ се случила несреќа.

Треба да знаете
Последни објави