Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ „Јане Сандански” загубија од Златибор (73:78) во финалниот натпревар на завршниот турнир во регионалната АБА 2 лига.
Натпреварот беше решен по продолжение од пет минути, откако основните 40 завршија нерешено 72:72.
Избраниците на тренерот Александар Петровиќ не го искористија последниот напад за победа, откако претходно успеаја да ја анулираат предноста на гостите од Србија која на моменти изнесуваше и 20 поени.
И покрај поразот во финалето, МЗТ Скопје го обезбеди враќањето во јадранската елита, додека Златибор ќе игра бараж со најслабопласираниот српски тим во АБА 1.
Најефикасен играч на натпреварот и најзаслужен за триумфот на Златибор ни во победничкиот тим беше Душан Кутлешиќ со 35 пени.
Во поразениот тим Војдан Стојановски постигна 14 поени.