Законот за спречување на Брегзит без договор, што ноќеска го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, утре ќе се најде на дневниот ред и во Домот на лордовите.
Домот на општините (Долниот дом) се согласи дека во понеделник ќе ги рзгледа амандаманите што ќе дојдат од Домот на лордовите и дека владата има намера законот да биде подготвен за претставување пред кралицата.
Предложениот закон пратениците го усвоија вчеравечер, со што му го нанесоа вториот пораз во два дена на премиерот Борис Џонсон, јави Би-Би-Си.
Постоеја тврдења дека приврзаниците на Брегзит можат намерно да го одложат усвојувањето на законот за тој да не ја добие согласноста на кралицата пред парламентот да се распушти, а што како политички потег беше планирано за следната недела.
Седницата на Долниот дом траеше утринава до 2,30 часот кога лордот Ештон од Хајд објави дека законот ќе ги мине сите фази на усвојување во петок кога ќе биде разгледан и во Домот на лордовите.
Лидерот на лабуристите Џереми Корбин претходно изјави дека неговата партија бара законот да добие кралска соглсност пред да да се прифати предлогот на Џонсон за распишување на изборите.