Дон Меклин за патувања со 48 години помладата девојка потрошил 500.000 долари за една година

Легендарниот пејач Дон Меклин (73) е во врска со 48 години помладата девојка Парис Дилан (25), а светските таблоиди пишуваат дека оваа година потрошил речиси половина милион долари само на патувања.

Дон и неговата девојка се запознале во 2016 година кога таа се вработила како администратор на социјалните мрежи. По неколку месеци, тие стапиле во врска.

Двајцата не се грижат што ќе каже светот, тие постојано патуваат и ги обиколуваат сите дестинации, се дружат со влијателни имиња, а 25-годишната Париз голем дел од времето поминува во шопинг.

„Имам прекрасна девојка која патува секаде со мене“, изјави Меклин за својата свршеница додавајќи дека сето тоа почнало така што таа била негов голем обожавател, но знаел оти покрај него обожава и некои други sвезди.

„Јас не сум нејзината единствена љубов, има уште многу други“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави