Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од градот Скопје следејќи ја акутната неработа и популизмот на градоначалникот Петре Шилегов прашува дали зад секоја негова градежна активност се крие бизнис интерес на моќници од власта. Оттука Шилегов е должен да одговори:
Дали зад асфалтирањето на улиците во град Скопје се кријат бизнис интереси на Петре Шилегов и луѓето од власта?
Јавноста заслужува да знае дали компаниите кои асфалтираат се блиски на семејството Заеви?
Дали струмички компании блиски до власта асфалтираат во градот Скопје?
Дали компании од бизнис кругот на Вице Заев се ангажирани за подизведувачи за работа во градското претпријатие „Дрисла“?
Дали зад шминкерајот на Шилегов се кријат скапи бизниси кои одат во џебот на луѓе од власта?
За две години власт Петре Шилегов нема започнато ниту еден проект, ниту еден нов булевар кој оваа градска администрација го проектирал или започнал со градба? Шилегов за две години власт нема решение за ниту еден значаен проблем на Скопјани.