МЗТ Скопје ги кани навивачите да го прослават заедно враќањето во елитата од АБА лигата со триумф против Златибор

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со пласманот во финалето на завршниот турнир од АБА 2 лига обезбеди враќање по четири сезони пауза во елитата од регионалното натпреаврување. Патот до враќањето во АБА лигата на скопјани  кои се и домаќини на завршниот турнир  во салата „Јане Сандански“  им го скуси вечерашниот ривал во финалето српскиот Златибор  (19 ч.) кој без разлика на исходот ќе мора да игра со најслабопласираниот тим  во АБА лигата од својата држава, бидејќи северниот сосед ја има исполнето квотата од максинални пет претставника во лигата.  МЗТ Скопје растоварен од императивот победа и исполнување на целата пласман во АБА-лигата вечерва пред своите гледачи кои ги кани на кошаркарско уживање ќе атакува на шампионскиот трофеј.

На МЗТ Скопје нема да им биде лесно ппобеднички да ја заврши сезоната каде по лигашкиот дел беше првопласиран, бидејќи Златибор е незгоден и непредвидлив ривал. Тимот од  Чајетина на завршницата во Скоипје допатува како седмопласиран по лигашкиот дел, но забележа две победи против второ и третопласираните Хелиос и Борац Бања Лука во четвртфиналето и полуфиналето и се избори да игра за приматот најуспешен со првопласираниот МЗТ Скопје.

Треба да знаете
Последни објави