Удрил во пешак и избегал

На 04.09.2019 во 22.27 часот на бул.„Крсте Мисирков“, патничко моторно возило „фолксваген голф“  удрило во пешакот Ѓ.З.(59) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.З. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била  укажана лекарска помош. Извршен бил увид и се работи на пронаоѓање на возачот и на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави