Во тек е акцијата за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Аеродром. Деновиве службите работат на расчистување на дивата депонија на бул. „Трета македонска бригада“, спроти Американ колеџ.
Во изминатиот период целосно беа исчистени депониите во близина на амбулантата во населба Лисиче, просторот меѓу Лисиче и Реонски центар, Бановина во Горно Лисиче, Усјански канал, како и дивите депонии во Долно Лисиче.
Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот и правилно да го селектираат на соодветните места. Наша цел е да обезбедиме чиста животна средина за сите граѓани.