Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е незадоволен од главниот тренер на тимот, Јулијан Нагелсман. Според новинарот на „Sport1.de”, Кери Хау, на 33-годишниот Полјак не му се допаѓаат тактиките и методите на работа на тренерот.
Во германските медиуми се почесто с епишува дека и челниците на тимот од Минхен постојано ја критикуваат тактиката што ја избира Нагелсман.
Воедно, играчите не се задоволни од тешките задачи на тренинзите кои ги задава 34-годишниот Германец.
По 29 кола во Бундеслигата, Баерн освои 69 бодови и се наоѓа на првото место во поредокот.