Втор ден беснее пожарот на истокот на Атика, го гасат 138 пожарникари

Големиот пожар што избувна во крајбрежниот град на истокот на Атика продолжува да беснее веќе втор ден, а испратени се и повеќе пожарникари за да се осигури дека огнот не се шири понатаму.

Некои куќи беа евакуирани од предострожност, изјави портпаролот на пожарникарската служба Василис Ватракојанис, пренесува „Катимерини“.

Властите соопштија дека во областа се распоредени 138 пожарникари, четири канадери и пет хеликоптери.

Ова е седми пожар во последните девет дена во истата област.

Треба да знаете
Последни објави