Денес ја извршив својата граѓанска должност и бев во Обвинителство за организиран криминал. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само факти и аргументи. Вистината не се крие- рече Александар Кирацовски откако излезе од Обвинителството. Според него слика со Боки не значи дека правел криминал. Вели дека гостувал во телевизијата на Боки 13, бил присутен многу пати и вели дека помогнал за истрагата да оди во вистински правец. Не се препознава во Кики и Фрики, Героски направил грешка.
-Случувањата со Катица немаат врска со мене и мислам дека судењето ќе има позитивен исход за сите- вели Кирацовски.
фото: Слободан Ѓуриќ