Тренерот на Барселона, Чави, испратил порака до раководството на клубот за потребата од четири засилувања.
Чави бара нов лев и десен бек, крилен напаѓач и центарфор.
Според каталонската корпорација за аудиовизуелни медиуми „CCMA”, Чави смета дека е недоволен потписот на централниот бек на Челзи, Андреас Кристенсен и играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси. Се истакнува дека приоритет за тренерот е напаѓачот.
Изминатите неколку дена се појавија шпекулации дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски потпиша тригодишен договор со Барселона. Подоцна директорот на каталонскиот клуб Матеу Алемани ја демантираше оваа информација.