Судот во Косово соопшти дека осудил шест лица, вклучително и жена, на казна затвот од една до 10 години, за планирање напади врз трупите на НАТО и јавноста во Косово, Белгија и Франција.
Населението на Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, е номинално 90 проценти муслиманско, но главно секуларно. НАТО има помалку од 4.000 војници таму, со мисија да го задржи кревкиот мир откако заврши војната во 1999 година.
Обвинител изјави за „Ројтерс“ дека осомничените, уапсени минатата година, од кои едниот исто така имал и белгиски пасош, биле поддржувачи на милитантската група Исламска држава, а некои биле во контакт со милитантите од косовско потекло вклучени во борбите во Сирија и Ирак.
„Шесте лица подготвувале терористички напади внатре и надвор од Косово, терористички напади против дискотеките во Грачаница, напади врз православната црква во Северна Митровица, напади врз трупите на НАТО во Косово и други терористички напади во Франција и Белгија“, се вели во судот изјава доцна во среда.
И Грачаница и Северна Митровица се области населени главно со српско малцинство што живее во Косово.
Над 300 косовски државјани отпатувале во Сирија од 2012 година, а 70 од нив, кои се бореле заедно со милитантските групи, биле убиени.