Фудбалерите на Севиља играат крајно трауматична сезона. Клуб кој со години е на врвот на шпанскиот клупски фудбал, со забележителни европски достигнувања.
Андалузијците моментално се во зоната за испаѓање, а поразот од Џирона минатиот викенд дополнително ги налути нивните навивачи. Морничава порака на фудбалерите им оставија најрадикалните меѓу нив на влезот во тренинг кампот.
„Ако испаднете, нема каде да се скриете“, пишува на графитот до влезот.
Останува да видиме дали оваа најнова порака ќе има мотивирачки ефект врз играчите на Севиља.
Севиља, која е шесткратен освојувач на Лига Европа, во октомври го отпушти тренерот Хулен Лопетеги и на негово место го постави Хорхе Сампаоли. Во 10 првенствени натпревари под негово водство, постигнати се две победи, а по четири нерешени и порази.