САД блокираа соопштение на Советот за безбедност на ОН за тензиите меѓу Израел и Хезболах.
САД во расправата во СБ на ОН ги отфрлиле критиките упатени кон Израел и го блокирале соопштението со притисок за откажување од текст од расправата, изјавија дипломатски извори.
Во првата веризја од текстот во шест точки, во кој увид имале француските медиуми, членките на Советот за безбедност на ОН изразуваат „длабока загриженост за неодаменшните инциденти” во текот на судирите на припадниците на Хезболах и израелските сили долж границата меѓу Либан и Израел, или таканаречената „сина линија”.
Во нацрт-текстот, чиј автор беше Франција, се наведува дека „членките на Советот за безбедност осудуваат секое крешење на „сината линија” од копно или од воздух и упатуваат силен повик до сите страни да го почитуваат прекинот на непријателставата”.
Според наводи на дипломати од ОН, Вашингтон во два наврата го блокирал соопштението, наведувајќи дека и Хезболах мора да биде осуден во текстот.
Дипломатите објаснуваат дека Вашингтон сооопштил дека не е можно да подржи било какво соопштение во кое Хезболах се става на иста страна со правото на Израел на самоопределување. Вашингтон смета дека Хезболах е терористичка органзиација.
Неколку членки на Советот за безбедност на ОН биле против ставот на САД и потоа текстот бил откажан.
Секое соопштение на Советот за безбедност на ОН мора да биде поддржано од сите 15 членки.