Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека на средбата со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи од него не било барано да се пронајде „одреден компромис” во односите со Белград.
-Не беше баран одреден компромис со Србија. Ја искористив приликата да потврдам дека Косово е стоотстотно суверена држава и дека сме подготвени да постигнеме договор со Србија за меѓусебно признавање во постојните граници, доколку тие бидат подготвени на тоа, кажа Харадинај , пренесен од Косовапрес.
Харадинај додаде дека „ разбирливо е во случај на спогодба да дојде до обновување на трговските односи меѓу Белград и Приштина”, пренсеува Косово.онлајн.